Последна дебата пред изборите

Џонсон сака трговски договор со ЕУ, а Корбин демократски социјализам

Британскиот премиер и шеф на конзервативците Борис Џонсон и лидерот на лабуристите Џереми Корбин се соочија околу брегзит во последната телевизиска дебата воочи изборите во четврток, 12 декември.

За време на преносот во живо на дебатата на Би-би-си, Корбин во петокот вечер рече дека лабуристите ќе стават крај на брегзит така што ќе договорат нов договор, кој повторно ќе биде доставен до јавноста на референдум, со опција да се остане во ЕУ.

Џонсон рече дека издејствувал „прекрасен договор“ и дека ќе го искористи за да ја изнесе Велика Британија од ЕУ на 31 јануари.

„Имаме доволно време да изградиме ново партнерство за слободна трговија, не само со ЕУ, туку и со земјите ширум светот“, рече Џонсон во телевизиската дебата.

Корбин рече дека ќе бидат потребни седум години за планот на Џонсон да склучи трговски договор со Соединетите Американски Држави.

На прашањето дали социјализмот или капитализмот го подигнале животниот стандард на сиромашните, Корбин јасно се определи за социјализмот.

„Социјализмот спроведен на демократски начин во оваа земја, Скандинавија и други места го подигна животниот стандард на најсиромашните“, рече тој.

Тој додаде дека лабуристичката влада силно го зајакнала животниот стандард по Втората светска војна.

„Нашата лабуристичка влада повторно ќе го стори тоа“, рече Корбин.

Џонсон рече дека динамичната пазарна економија е единствениот начин да се дојде до „фантастични јавни услуги“.

Тој додаде дека неизвесноста околу брегзит делува како „сидро“ за британската економија.

Оценката на гледачите по дебатата била дека Џонсон е поубедлив.

Борис Џонсон останува на врвот на анкетите, со предност од околу 10 процентни поени за предвремените избори на 12 декември, свикани за земјата да се извади од политичкиот застој што следеше по референдумот за брегзит во 2016 година.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе