Избори во Британија

Џонсон против Корбин: Премногу кавги, ниту еден одговор (ВИДЕО)

Британскиот премиер Борис Џонсон и лидерот на опозицијата Џереми Корбин  се судрија околу брегзитот, здравството и економијата во првата телевизиска предизборна дебата.

Меѓутоа, ниту едниот ни другиот на гласачите не им дадоа одговор на прашањето „Зошто би ви верувале?“, пишува Асошиејтед прес.

Ројтерс пренесува дека по дебатата која траеше еден час анкетите покажале дека е поделено мислењето на јавноста за тоа кој е победникот – 51 отсто сметаат дека тоа е Џонсон, а 49 отсто дека е Корбин.

Двајцата политичари инсистираа на слабостите на својот ривал, одминувајќи ги непријатните прашања за сопствените политики за време на дебатата, која беше одржана пред изборите на 12 декември.

И едниот и другиот, исто така, се држеа до „безбедната територија“, па Корбин главно зборуваше за плановите на лабуристите за големи зголемувања во јавната потрошувачка, додека Џонсон се обидуваше да се фокусира на своето ветување дека ќе го спроведе брегзитот.

Џонсон ја обвини опозицијата за „застојот и поделбата“ и порача дека конзервативната влада „ќе стави крај на оваа национална беда“ и ќе го прекине застојот околу брегзитот.

Корбин кажа дека лабуристичката влада ќе го реши прашањето на брегзиот со тоа што ќе испреговара нов договор за излегување од Европската Унија пред одржувањето нов референдум за членството во ЕУ во рок од шест месеци.

Тој, сепак, не одговори на прашањето кое Џонсон повеќе пати му го постави – дали би поддржал излегување или останува во ЕУ на новиот референдум.

Ги отфрли тврдењата на Џонсон дека ќе испреговара трговски договор со ЕУ до крајот на 2020 година, нарекувајќи ги фантазија, и истакнувајќи дека вообичаено се потребни повеќе години за да се постигнат такви договори.

„Нема да го постигнете тоа за неколку месеци, и тоа совршено добро го знаете“, му кажа Корбин на Џонсон.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе