Џонсон: Последиците од руската победа би биле катастрофални

Ако му се дозволи на рускиот претседател Владимир Путин да успее во инвазијата на Украина, тоа ќе има „апсолутно катастрофални“ последици за светот, предупреди британскиот премиер Борис Џонсон во интервју за Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

„Јас само би им кажал на луѓето во Соединетите Држави дека ова е нешто што Америка го правеше претходно и мора да продолжи да го прави, а тоа е да се залага за мир, слобода и демократија“, рече Џонсон.

„Ако му дозволиме на Путин да се извлече и само да припојува, да освојува значителни делови од една слободна, независна, суверена земја, што тој е подготвен да го прави, тогаш последиците за светот ќе бидат апсолутно катастрофални“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе