Британскиот премиер

Џонсон: Почитувањето на нуклеарниот договор е најдоброто решение на кризата (ВИДЕО)

Британија смета дека иранскиот нуклеарен договор и понатаму е најдобриот начин да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

„Нашето мислење е дека договорот на Иран со светските сили и понатаму останува најдобриот начин за спречување на нуклеарно ширење во Иран, најдобриот нечин да се охрабрат Иранците да не развиваат нуклеарно оружје“, кажа Џонсон во британскиот парламент, пренесува Ројтерс.

Британскиот премиер го осуди нападот на Иран  врз воените бази во Ирак во кој има западни војници во знак на одмазда за американското убиство на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој според него имал „британска крв на своите раце“.

„Ние, нормално, го осудуваме нападот врз ирачките воени бази во кои се наоѓаат коалициските сили“, кажа Џонсон, во првиот говор во парлементот за кризата.

Британскиот премиер истакна дека Иран не би требало да повторува невнимателни и опасни напади, туку дека мора итно да се посвети на деескалација.

Тој додаде дека, колку што може да се дознае, немало американски жртви во нападот, како и дека никој од британскиот персонал не е повреден.

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе