Џонсон планира да изгради мост помеѓу Шкотска и Северна Ирска

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека размислува за изградба на мост долг 45 километри што би ги поврзувал Шкотска и Северна Ирска.

Со години се расправало за идејата за изградба на мост меѓу југозападна Шкотска и Северна Ирска, објавено е дека британскиот премиер на официјални лица им кажал да спроведат физибилити студија.

„Минатата ноќ разговарав за изградба на мост од Странрар во Шкотска до Ларн во Северна Ирска“, им рече Џонсон на новинарите.

„Тоа би било многу добро. Тоа би чинело само 15 милијарди фунти“, рече британскиот премиер.

Премиерот побарал од владини службеници совет за трошоци и ризици од таков проект.

Изградбата на таков инженерски потфат наречен „Мост брегзит“, долг 45 километри, се проценува дека би чинел помеѓу 15 и 20 милијарди фунти, јави Меил-онлајн.

Реномираниот инженер Џејмс Данкан рече дека шансите да се спроведе проектот без проблеми ќе биде „фантастично како изградба на мост до Месечината“.

Ќе поминува во непосредна близина до каналот Бофорт дајк, долг 50 километри, длабок 300 метри, каде што Министерството за одбрана меѓу крајот на Првата светска војна и седумдесеттите години фрлиле оружје.

Покрај 1,5 милиони тони експлозив, тие фрлиле и боен отров Иперит и нервен гас Сарин, како и радиоактивен отпад во рамки на британската програма за нуклеарно оружје, пренесе Меил-онлајн.

Нема комплетна мапа на депонијата за оружје, па затоа би било многу тешко да се најде начин целосно да се одбегне. Ветровите во Северниот канал - делот од Ирското море меѓу Шкотска и Северна Ирска - можат да предизвикаат несигурни и опасни мориња.

Бројни 400 метарски носачи би требало да се изградат, транспортираат на лице место и внимателно да се спуштаат и фиксираат во морското дно.

Додека Демократската унионистичка партија (ДУП) се заинтересирани за градење врски со копното, нивните ривали во националистичката заедница стравуваат дека „Мостот брегзит" ќе стане непосредна терористичка цел.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе