Премиерот Борис Џонсон сака трајно да ги укине итните закони за коронавирус, бидејќи бројот на случаи на коронавирус во Велика Британија продолжува да опаѓа, се наведува во извештајот, пренесува Ројтерс.
Се додава дека официјалните упатства ќе останат, но нема да резултираат со парични или законски казни доколку не се почитуваат.
Плановите ќе бидат разработени во наредните недели, а одлука се очекува на пролет, се наведува во извештајот.
Минатата недела, министерот за здравство Саџид Џавид рече дека самоизолацијата во Англија ќе се намали на пет дена од сегашните седум, доколку некој двапати е негативен.
Џонсон, исто така, треба да го укине План Б на ковид рестрикции, воведен минатиот месец за да се забави ширењето на варијантата омикрон, објави претходно Телеграф.
Според План Б во Англија, на луѓето им се препорачува да работат од дома што е можно повеќе и да носат маски во јавниот превоз и на јавни места, како и да покажат ковид-сертификат за влез во ноќни клубови и големи настани.