Џонсон: Ненадејниот пад на смртноста од ковид е резултат на блокадата, а не на вакцинацијата

Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека ненадејниот пад на смртноста од последиците на инфекција со коронавирус е резултат на тримесечна блокада, а не програмата за вакцинација.

Фото: ЕПА

Тој додаде дека по ублажувањето на рестрикциите ќе дојде до ново зголемување на случаите.

„Блокадата заврши најголем дел од работата“, рече Џонсон, додавајќи дека нема причина да се менува планот за отворање на економијата. „Со намалување на блокадата, секако ќе има нови инфекции и, за жал, нови заболени и починати“, забележа тој.

Велика Британија ја започна вакцинацијата во декември и веќе им ја понуди првата доза на лица постари од 50 години, клинички чувствителни лица и здравствени работници.

Со подобрувањето на условите, Англија ги отвори сите малопродажни места, фризерски салони, спортски сали и пабови односно бавчи, додека Шкотска, Северна Ирска и Велс ќе отвораат различни сегменти на општеството во следните недели.

Владата исто така објави проширено тестирање во јужен Лондон по појавата на јужноафриканскиот сој на вирусот во населбите Ламбет и Вондсворт.

Досега се регистрирани 74 потврдени и можни случаи на овој вид коронавирус познат како Б.1.351 и постои загриженост дека вакцините се помалку ефикасни против овој вид.

„Ако се покаже дека јужноафриканскиот сој навистина земал замав, а тоа ќе го знаеме за две до три недели, тогаш ќе мора да го паузираме ублажувањето на мерките и отворањето“, рече Џејмс Нејсмит, професор по структурна биологија на Универзитетот Оксфорд и директор на Институтот Розалинд Френклин.

Со повеќе од 127.000 смртни случаи, Велика Британија е петта земја во светот според бројот на жртви од ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе