Елгиновите мермери

Џонсон нема да преговара со Атина за враќање на богатствата од Партенон (ФОТО)

Британскиот премиер Борис Џонсон во вторникот му рече на својот грчки колега Киријакос Мицотакис дека прашањето за враќањето на мермерните скулптури од античкиот храм Партенон треба да се упати до Британскиот музеј, а не до неговата влада.

Од 1832 година Грција бара враќање на скулптурите однесени од Партенон од британскиот дипломат Лорд Елгин во почетокот на 19 век, во време кога Грција била под отоманска власт.

Што се Елгиновите мермери?

Томас Брус, или лорд Елгин, однел класични грчки мермерни скулптури, разни натписи и други богатства стари околу 2.500 години, кои главно му се припишуваат на познатиот скулптор и архитект Фидиј и на неговите помошници.

„Премиерот рече дека ја разбира силината на чувството на грчкиот народ за тоа, но ја повтори добро познатата позиција на Обединетото Кралство дека тоа се однесува на Британскиот музеј на уметноста“, соопшти кабинетот на премиерот.

Скулптурите, познати во Британија како Елгинови мермери, сочинуваат околу половина од 160-метарскиот фриз што го красел Партенон, архитектонско ремек-дело од 5 век п.н.е. Повеќето други скулптури се во Атина.

Британскиот музеј соопшти дека во моментов не се водат разговори со грчката влада. Музејот тврди дека лордот Елгин ги стекнал скулптурите на легален начин и дека артефактите му помагаат на музејот да ја раскаже историјата на светот.

Џонсон го повтори истиот став за грчки весник во март оваа година.

Кога уметничките дела биле однесени од Атина во Лондон?

Целата операција на носење на уметничкото дело од Атина во Лондон се одвивала додека Грција била дел од Отоманската Империја. Тогаш британскиот амбасадор во Константинопол, лорд Елгин, потпишал договор со империјата за пренос на овие непроценливи артефакти во Лондон.

Лордот Елгин побарал дозвола од Турците да однесе неколку дела од грчката уметност во својата куќа во Лондон, објаснувајќи дека тоа ќе го потсетува на времето кога бил амбасадор во таа земја.

Ова одобрение го добил во 1804 година, па скулптурите биле префрлени во Англија.

Во Лондон потсетуваат дека лордот Елгин дал сопствени 70.000 фунти за ископувањето на скулптурите. Дозволата ја добил затоа што отстранувањето не ја загрозувало статиката на Партенон, ниту ги попречувало работите на објектот. Владата во Лондон ги откупила уметничките дела во 1816 година и ги сместила во Британскиот музеј.

Лордот Елгин во Атина е обвинет за грабеж и вандализам, а Грција со години се бори за враќање на тие уметнички дела, досега безуспешно.

Објавено

Среда, Ноември 17, 2021 - 11:55

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе