Британскиот премиер

Џонсон најави затворање на некои пабови, угостителите планираат да ја тужат британската влада

Британскиот премиер Борис Џонсон претстави нов пристап на воведување ограничувања поради забрзаното ширење на коронавирусот, вклучувајќи затворање на пабовите во некои делови на Англија, иако расте гневот на јавноста поради намалувањето на слободите.

EPA-EFE

Џонсон го претстави новиот поедноставен систем за означување на областите на ширење на заразата на коронавирусот за кој ќе гласа парламентот.

Пабовите и баровите се затвораат од утре во областите кои се сметаат за „многу ризични“. Според новиот систем, областите ќе бидат поделени на многу ризични, ризични и оние со умерен ризик од ширење на ковид-19.

Засега Мерсисајд во северозападна Англија е единствената „мошне ризична“ област. Ќе се затворат спортските сали, забавните центри, обложувачниците и коцкарниците, кажа Џонсон.

„Мораме да дејствуваме за да спасиме животи“, им кажа Џонсон на пратениците во парламентот и додаде дека не сака уште еден карантин, и дека ги разбира фрустрациите на оние кои предупредуваат на „репресија на слободата“.

„Ако дозволиме вирусот да се рашири, црната математика ни наложува дека нема само да претрпиме неприфатлив број смртни случаи поради ковид-19, туку и со неконтролираниот втор бран ќе го оптовариме јавниот здравствен систем што ќе им оневозможи на нашите лекари и медицински сестри да се посветат на другите третмани“, кажа британскиот премиер.

Новите податоци на министерството за здравство покажуваат дека заразата најмногу се шири на северот на Англија и во некои појужни делови.

Џејн Едлстон, од интензивната нега во Манчестер, кажа дека пациентите со ковид-19 зазеле 30 отсто од капацитетите и дека тоа почнува да влијае врз лекувањето на другите луѓе.

„Ова не е начинот на кој сакаме да живееме, но тоа е природниот пат кој треба да го поминеме, меѓу социјалната  економската траума поради целосниот карантин и големите човечки и економски загуби во неконтролирана пандемија“, кажа Џонсон.

„Следните недели и месеци ќе бидат тешки и ќе го тестираме карактерот на оваа земја“, додаде.

Додека милиони луѓе низ Обединетото Кралство се соочуваат со ограничувања, угостителскиот сектор тврди дека е „на колена“ поради владините одлуки.

Некои сопственици на пабови размислуваат за почнување правна постапка и тврдат дека Џонсон со ништо не го оправдал затворањето на пабовите.

Британските пабови, барови и клубови претрпеа катастрофални загуби за време на карантинот, а новите мерки би можеле да ги чинат илјадници работни места. Иницијативата на угостителите ја поддржаа повеќе здруженија низ земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе