Џонсон на гласање го донесе и кучето Дилан, на гласање и Корбин и Стурџон

Гласачките места во Велика Британија се отворени од утрово, а гласаа британскиот премиер Борис Џонсон и неговиот главен ривал Џереми Корбин.

Џонсон гласаше на избирачкото место отворено во Методистичката централна сала во Лондон, а со него беше и кучето Дилан што го доби како подарок откако беше избран за премиер, пренесе Скај њуз.

Неговиот ривал Џереми Корбин гласаше во северен Лондон, додека шкотската премиерка Никола Стурџон гласаше во Глазгов.

Се гласа во 650 изборни единици, а многу необични места се претворени во избирачки места, како што е паб во Хемпшир.

На многу избирачки места е голема гужви и се чека во редици, а на некои универзитети студентите облекле универзитетски униформи за да гласаат.

Избирачките места се затвораат во 22 часот по локално време и првите резултати ќе бидат готови во раните утрински часови во петок.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе