Велика Британија ја спореди со филмски суперхерој

Џонсон: Колку Халк е побесен толку е посилен и секогаш се извлекува

Британскиот премиер Борис Џонсон тврди дека е постигнат огромен напредок кон постигнување договор за брегзит меѓу Европската Унија и Велика Британија, која ја спореди со Халк, јави Мејл он сандеј.

„Кога дојдов на оваа функција, сите велеа дека апсолутно не е можна никаква измена на договорот. Тие (лидерите на ЕУ) го променија мислењето и, како што можете да видите, се води многу добар разговор за проблемот како да се третира северноирската граница. Се остварува огромен напредок“, рече Џонсон.

ЕУ и Велика Британија не можат да се договорат околу тоа како да се избегне повторно воспоставување физичка граница помеѓу Ирска, земјата членка на ЕУ и британската провинција Северна Ирска по брегзитот.

Лондон ја отфрла безбедносната мерка што е вклучена во сегашниот договор, таканаречениот бекстоп, додека ЕУ смета дека тоа е неопходно затоа што не постои друга веродостојна алтернатива.

Бекстопот предвидува Велика Британија да остане во единствениот царински пазар со ЕУ освен ако не се најде подобро решение за бекстоп по истекот на одреден преоден период.

„Ќе има многу работа до 17 октомври“, рече Џонсон, осврнувајќи се на последниот самит на ЕУ пред излегувањето на Велика Британија од ЕУ, предвидено за 31 октомври.

„Но ќе одам на тој самит и ќе добијам договор, навистина имам надежи. А ако не добиеме договор, тогаш ќе излеземе на 31 октомври“, додаде Џонсон.

Тој веќе отфрли дека ќе бара тримесечно одложување на брегзит, на што го обврзува гласањето од минатата недела во британскиот парламент, со кој се спречува излез од ЕУ без договор.

Џонсон утре се состанува со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и со европскиот функционер задолжен за брегзитот Мишел Барние.

Џонсон ја спореди Велика Британија со суперхеројот Халк.

„Банер може да биде врзан во окови, но кога ќе се испровоцира, експлодира и се ослободува. Халк секогаш се извлекува, без оглед колку цврсто е врзан - а таков е случајот и со оваа земја. Ќе излеземе на 31 октомври и ќе го завршиме (брегзитот)“, рече Џонсон.

„Колку е побесен Халк, толку е посилен“, додаде премиерот.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе