Владата ќе го почитува законот

Џонсон ќе побара одложување на брегзитот ако не се склучи договор до сабота (ВИДЕО)

Премиерот на Британија Борис Џонсон би можел да побара од Брисел ново одложување на датумот за излегување на Лондон доколку не се склучи договор до 19 октомври.

Брутанскиот секретар за брегзит Стивен Баркли кажа дека владата ќе го почитува законот кој наложува премиерот да испрати писмо во Брисел со кое ќе побара ново одложување на излегувањето на земјата од ЕУ, пренесува Гардијан.

Законот усвоен на иницијатива на пратениците кои се против брегзит без договор бара премиерот да побара од Брисел одложување на Членот 50 и по 31 октомври доколку нема договор до сабота.

Некои од министрите наведоа дека владата би можела да испрати второ писмо во Брисел со кое функционерите на ЕУ би биле информирани да го игнорираат првото за одложување на брегзитот.

Баркли тврди дека не е запознаен дека постои таков план.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе