Џонсон ќе побара од Бајден да го одложи повлекувањето

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе побара од претседателот на САД, Џозеф Бајден, американските сили да останат во Авганистан и по 31 август, со цел да се овозможи евакуација од аеродромот во Кабул, пренесува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Џонсон ќе го изнесе барањето во вторник, на итниот состанок на лидерите на Г7.

Десетици илјади луѓе очајно сакаат да го напуштат Авганистан откако талибанците дојдоа на власт, а САД имаат намера да ги повлечат сите свои војници од таа земја до крајот на месецот.

Иако британските владини претставници објавија дека немаат одреден датум кога британските сили ќе се повлечат од Авганистан, постојат стравувања дека без американските војници, преостанатите странски сили не би можеле да го обезбедат аеродромот во Кабул, наведува Би-би-си.

Британија има повеќе од 1.000 војници во Кабул.

Бајден вчера, на прашањето дали ќе го продолжи рокот за повлекување на американските војници од Авганистан, кој истекува на 31 август, одговори дека се надева дека нема да има потреба од тоа.

Тој, сепак, додаде дека за продолжување на тој рок се разговара со војската.

Талибански претставник изјави дека странските сили во Авганистан не побарале продолжување на рокот што го одредиле за напуштање на земјата, односно 31 август.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе