Британскиот премиер

Џонсон: Јас ќе се вакцинирам со Астра зенека

Британскиот премиер Борис Џонсон откри дека наскоро ќе се вакцинира, и тоа со вакцината на „Астра зенека“, и покрај загриженоста низ цела Европа поради информациите за појава на згрутчување на крвта.

Фото: ЕПА

Членовите на британскиот парламент го прашаа Џонсон за прекинувањето на вакцинацијата со „Астра зенека“ во неколку земји, вклучувајќи ги Германија и Португалија.

„Можеби најдоброто нешто што можам да го кажам во врска со програмата за вакцинација со Астра зенека е дека јас наскоро ќе ја примам вакцината, што со задоволство го откривам“, им одговори британскиот премиер.

„Дефинитивно ќе ја примам вакцината Оксфорд / АстраЗенека”, додаде Џонсон.

Неговата најава предизвика новинарски прашања затоа што на Британците не им е дозволено да изберат која вакцина ќе ја примат.

„ЈЦВИ не советува да ѝ се дава предност на која било вакцина кај која било специфична популација. Од оперативни и програмски причини (...) под одредени услови една вакцина може да се понуди пред некоја друга вакцина“, изјави советодавното тело за вакцинација ЈЦВИ.

Вакцинирањето во Европа во последните две недели беше нарушено поради информации за изолирани случаи на тромбоемболија кај пациенти што примиле вакцина на Астра зенека. Досега, неа во Европа ја примиле вкупно повеќе од 17 милиони луѓе, се вели во веб-страницата на таа фармацевтска компанија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе