Џонсон изгуби важно гласање, се отвора пат за забрана на брегзит без договор (ВИДЕО)

Британскиот парламент изгласа почнување на процедурата за забрана на брегзит без договор.

Претседателот на долниот дом на британскиот парламент Џон Беркоу ја одобри итната расправа за блокада на брегзит без договор која се одржа доцна вечерва.

Нешто пред 23 часот почна гласањето во кое е изгласан закон за почнување на процедурата за спречување брегзит без договор на 31 октомври.

Противниците на брегзитот победија во гласањето со 328 наспрема 301. Така тие ја преземаа конролата врз постапката што значи дека можат да донесат закон со кој официјално би се побарало одложување на брегзитот кој премиерот Џонсон го најави за 31 октомври, без оглед дали ќе се постигне договор со ЕУ или не.

По гласањето трае бурна расправа на премиерот Џонсон и неговите противници.

Џонсон на противниците им префрли дека тие сега ќе го слушаат Брисел и најави предвремени избори.

Лидерот на опозицијата Џереми Корбин кажа дека законот треба да се донесе пред одржувањето на изборите.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе