Откако парламентот го усвои амандманот

Џонсон испрати непотпишано писмо во кое бара одложување на брегзит, и второ во кое се противи на тоа

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера вечер испрати непотпишано писмо до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое бара одложување на брегзит по 31 октомври, објави Гардијан, наведувајќи дека британскиот премиер испрати и второ потпишано писмо во кое расправа против тоа.

Џонсон испрати три писма: непотпишана фотокопија од барањето што законски е должен да го испрати, пропратно писмо напишано од амбасадорот на Велика Британија до ЕУ во кое се наведува дека Џонсон бил принуден да го испрати писмото, како и лично писмо од Џонсон во кое се објаснува зошто Даунинг стрит не сака продолжување.

Претходно, Гардијан објави дека Џонсон во телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск потврдил дека ќе испрати писмо, во кое бара одложување на брегзит по 31 октомври.

Туск напиша на Твитер дека барањето за одложување на брегзит пристигнало.

„Сега ќе започнам консултации со лидерите на ЕУ за натамошни чекори“, напиша Туск.

Британскиот парламент вчера усвои амандман на пратеникот Оливер Летвин со кое се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит, односно донесување конечна одлука сè додека не се донесе посебен закон за договорот.

Во согласност со одлуката на парламентот, Џонсон беше должен да побара од ЕУ нов датум за излез на Велика Британија од членството во ЕУ.

Џонсон во парламентот рече дека не сака да преговара за ново одложување, а веднаш по гласањето Европската комисија наведе дека е до Лондон да изнесе што треба следно да направи ЕУ по прашањето за брегзит.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе