Џонсон ѝ се извини на кралицата поради забавата во резиденцијата воочи погребот на принцот Филип

Канцеларијата на британскиот премиер Борис Џонсон денеска ѝ се извини на кралицата Елизабета, откако се дозна дека вработените во резиденцијата на премиерот на Даунинг стрит се забавувале до доцна во ноќта пред погребот на принцот Филип, во време кога биле забранети собири во затворени простории.

Фото: ЕПА

Џонсон се соочува со најтешката криза во својот мандат по речиси секојдневните откритија за низа собири за време на карантинот поради пандемијата на ковид-19, поради кој обичните граѓани не можеле да се збогуваат со роднини кои биле на умирање.

Откако изгради политичка кариера со презир кон прифатените норми, Џонсон сега се наоѓа под се поголем притисок од пратениците од неговата Конзервативна партија. На критичарот му велат дека не е способен да владее и дека го измамил парламентот негирајќи дека се прекршувале епидемиолошките мерки.

Во необичниот расплет на долгата приказна што беше нашироко исмејувана од комичари и карикатуристи, Дејли Телеграф напиша дека забави се одржани во Даунинг Стрит на 16 април 2021 година, ден пред погребот на принцот Филип.

„Многу е жално што ова се случи во време на национална жалост и Даунинг стрит ѝ се извини на палатата“, изјави портпаролот на Џонсон пред новинарите. Џонсон тој ден беше во резиденцијата Чекерс и не беше поканет на никакви собири, додаде портпаролот.

Дејли Телеграф пишува дека пијанката во Даунинг стрит била толку раскалашена што вработените отишле во блиската продавница да купат големи количества алкохол, истуриле вино на теписите, а била скршена и лулашката што ја користел малиот син на премиерот.

Следниот ден, кралицата Елизабета се прости од принцот Филип, својот сопруг со кој била во брак 73 години, кој почина на 99-годишна возраст.

Облечена во црно и со бел пораб на црната маска, 95-годишната Елизабета предизвика сожалување седејќи сама, строго придржувајќи се до епидемиолошките мерки за време на погребната церемонија за принцот Филип во замокот Виндзор.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе