Пред камери

Џонсон го потпиша трговскиот договор со ЕУ: „Почеток на прекрасен однос“ (ВИДЕО)

Британскиот премиер Борис Џонсон го потпиша денес во Лондон трговскиот договор склучен со Европската Унија за трговските односи од 1 јануари.

EPA-EFE

Џонсон, кој го потпиша договорот пред камери, изјави дека документот претставува „почеток на прекрасен однос на Велика Британија и нејзините пријатели и партнери од ЕУ“.

Договорот пред Џонсон денес во Брисел го потпишаа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Документот потоа со авион беше испратен во Лондон кај Џонсон на потпишување.

Во меѓувреме долниот дом на британскиот Парламент, Претставничкиот дом, денес го одобри договорот.

За него во текот на денот треба да расправа и горниот дом на Парламентот, Домот на лордовите, и доколку го усвои, договорот останува да го одобри кралицата Елизабета Втора за да стапи на сила утре во 23:00 часот по локално време.

ЕУ договорот до утре ќе го објави во службен весник за да стапи на сила на 1 јануари.

Неговата примена ќе биде привремена, додека не го одобри Европскиот парламент.

Британија и ЕУ на 24 декември постигнаа договор за идните трговски односи по конечната разделба – брегзитот, за кој Британците се одлучија на референдумот во 2016 година.

Британија на 31 јануари излезе од членството во ЕУ, а на 31 декември истекува преодниот период и тогаш Лондон ги напушта и единствениот пазар на ЕУ и царинската унија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе