Џонсон го отфрли барањето на Шкотска за нов референдум за независност (ВИДЕО)

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера ѝ порача на шкотската премиерка Никола Стурџон дека нема да го поддржи нејзиниот план за втор референдум за независност на Шкотска, неколку часа откако двајцата постигнаа одличен резултат на парламентарните избори.

Стурџон претходно во петокот побара уште еден референдум за независност откако нејзината Шкотска национална партија (СНП) освои 48 од 59 шкотски места во парламентот на Обединетото Кралство во Лондон, повеќе од очекуваното.

Џонсон, чии конзервативци остварија голема победа на изборите во четвртокот, разговараше со Стурцон и кажа дека нема да се согласи на втор референдум за независност откако шкотските гласачи поддржаа останување во Британија во 2014 година.

Меѓутоа, Шкотска гласаше и за останување на Британија во Европската Унија на референдумот во 2016 година.

„Премиерот даде до знаење дека продолжува да се противи на втор референдум за независност, стоејќи со мнозинството граѓани во Шкотска кои не сакаат да се вратат на поделбите и несигурноста“, соопшти кабинетот на британскиот премиер.

Во соопштението се додава дека резултатите на референдумот во 2014 година биле уверливи и дека треба да се почитуваат.

Стурџон набрзо одговори на Твитер. Таа напиша дека на Џонсон му порачала дека нејзиниот политички мандат е на граѓаните, и дека изборот треба да се почитува, „како што и тој очекува неговиот мандат да се почитува“.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе