Писмо до сите домаќинства

Џонсон ги предупреди Британците: Ситуацијата со коронавирусот ќе се влоши пред да се подобри

Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека ситуацијата со коронавирусот ќе стане уште потешка пред са се подобри, во писмо кое го испрати до секое домаќинство во земјата.

Џонсон, кој е во самоизолација откако беше потврдено дека е заразен со вирусот, наведе дека посстри ограничувања би можеле да бидат воведени ако биде неопходно, пренесува Би-би-си.

„Од почетокот се трудевме да ги воведеме вистинските мерки во вистинско време. Нема да се колебаме да одиме понатаму (со мерките) ако научните и медицинските советници ни кажат дека тоа мора да го направиме“, напиша Џонсон во писмото испратено во 30 милиони домаќинства.

Владата на Џонсон минатата недела воведе остри мерки против ширењето на коронавирусот, меѓу кои и забрана за јавни собирања на повеќе од две лица и затворање на сите продавници кои не продаваат неопходна стока.

Тој најави дека Британците ќе добијат летоци со детални упатства од владата за излегувањето од домовите и здравствени информации.

Овој потег доаѓа по критиките дека владата досега не дала јасни совети во врска со пандемијата.

Зараза со коронавирусот досега е потврдена кај повеќе од 17.000 луѓе во Британија, од кои умреа над 1.000.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе