Џонсон сака брзо олеснување на мерките за спас на 3 милиони работни места загрозени со коронакризата

Британскиот премиер Борис Џонсон апелираше до министрите што е можно поскоро да ги укинат мерките за затворање со цел да се спречи загуба на околу 3,5 милиони работните места.

EPA-EFE/JESSICA TAYLOR

Според лондонскиот весник Сан, веста доаѓа откако Џонсон потпиша нови мерки за зајакнување на економијата, а откако министерот за економија, Алок Шарма, го информираше дека повеќе од три милиони работни места во секторот на угостителство се загрозени.

Како што се наведува, Џонсон задолжил група министри кои до јули треба да излезат со мерки за животот што поскоро да може да се врати во нормала.

„Не би рекол дека ни се заканува цунами од загуба на работни места, но тоа ќе биде прилично голем бран“, рече неименуван британски службеник запознаен со ситуацијата.

Велика Британија е на второ место по бројот на жртви од коронавирусот во светот со 40.542 смртни случаи, а досега во таа земја се пријавени 286.194 заразени лица.

Водечките британски лекари и научници го повикаа Џонсон да нареди подготовка на Велика Британија за втор бран на коронавирусот оваа зима, предупредувајќи дека многу повеќе луѓе ќе починат ако земјата не го подобри својот одговор на ковид-19.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JESSICA TAYLOR

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе