Џонсон предупреди дека има знаци на втор бран на коронавирус во Европа

Велика Британија ќе воведе карантин и за други земји, доколку бројот на случаи заболени со ковид 19 продолжи да се зголемува, како и ако таква мерка е неопходна, изјави Борис Џонсон, по одлуката на британската влада да воведе карантин за лицата што се враќаат од Шпанија.

Фото: ЕПА

Тој предупреди дека има знаци на втор бран на коронавирус во Европа, бранејќи го 14-дневниот карантин за патниците од Шпанија.

„Се плашам дека гледаме знаци на нов бран во другите земји. Наша работа, наша должност е да дејствуваме брзо и одлучно и да ги спречиме патниците што се враќаат од другите земји да го шират вирусот овде во Велика Британија“, рече Џонсон пред новинарите.

Запрашан дали 14-дневниот карантин може да се намали, Џонсон рече дека бара начини да го олесни карантинот, да им помогне на луѓето и да обезбеди науката да работи за да им помогне на патниците и туристите, јавува Би-би-си.

„Во овој момент треба да се придржувате до упатствата што ги даваме, дадовме упатства за Шпанија и некои други места ширум светот“, рече Џонсон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе