Џонсон доби поддршка за закон со кој планира да прекрши дел од договорот за брегзитот

Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделникот освои мнозинство во парламентот во првиот од неколкуте кругa гласање за закон спротивен на меѓународното право, со кој сака да прекрши делови од договорот за брегзит.

Џонсон, кој има удобно мнозинство од 80 пратеници во долниот дом на парламентот, доби поддршка од 340 пратеници во вториот круг читање за законот за регулирање на внатрешниот пазар, во однос на 263 гласа против.

За конечниот предлог-закон ќе се расправа во парламентот уште четири дена.

Џонсон победи на гласањето и покрај растечкиот револт кај пратениците од неговата партија што сметаат дека кршењето на меѓународното право ќе му наштети на угледот на Велика Британија.

Пред гласањето, премиерот рече дека е потребно да се донесе тој закон бидејќи Европската Унија не го тргнала „пиштолот од маса“ во преговорите за регулирање на трговските односи.

Џонсон им порача на пратениците дека е од клучно значење да им се спротивстават на „апсурдните“ закани од Брисел, како онаа дека Лондон поставува бариери меѓу Британија и Северна Ирска и воведува блокада на храна, што според него претставува закана за унитарноста на Велика Британија.

Од друга страна, Брисел вели дека планот на Џонсон би ги уништил трговските преговори и би предизвикал хаотичен брегзит.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе