На прашањето на член на советот дали и утре ќе биде премиер, Џонсон кратко одговори: „Се разбира“, пренесува Ројтерс.
Како што рече, моментално „ги гледа проблемите со кои се соочува Велика Британија и ја гледа најголемата војна во Европа во последните 80 години“.
„И не можам да видам како е одговорно едноставно да си заминам“, додаде Џонсон во говорот пред парламентот.
Би-би-си објави дека најмалку 30 министри и помошници ја напуштиле владата на Џонсон, вклучувајќи го и шефот на Министерството за финансии Риши Сунак и министерот за здравство Саџид Џавид.
Оставките дојдоа откако Џонсон се извини за, како што рече, грешка што не сфатил дека поранешниот министер Крис Пинчер не е способен за владина работа, откако против него беа упатени обвинувања за сексуално недолично однесување.