Според првичните податоци

Џонсон: Британскиот сој на вирусот е можеби посмртоносен за 30 отсто

Британскиот сој на коронавирусот кој е позаразен е најверојатно поврзан и со повисока стапка на смртност, кажа денес премиерот на Британија Борис Џонсон.

EPA-EFE

„Сега исто така изгледа дека има докази дека новиот сој, кој за првпат беше идентификуван во Лондон и на југоистокот на Англија, може да е поврзан со повисоко ниво на смртност, до 30 отсто“, кажа Џонсон на конференција за новинарите во Даунинг стрит.

За мажите стари околу 60 години, ризикот на смртноста е 10 на 1.000 со коронавирусот, а тоа се качува на 13 до 14 на 1.000 заразени со новиот сој на коронавирусот, кажа научниот советник на британската влада Патрик Валенс.

Според тоа, изгледа дека новиот сој е околу 30 отсто посмртоносен, но научниците истакнуваат дека испитувањата се сè уште во прелиминарна фаза.

Валенс кажа дека сака да истакне дека постои голема мера на неизвесност околу тие бројки, и дека мора да се работи уште на тоа да се прецизираат, но дека е нормално загрижувачко ако таа варијанта покрај тоа што е позаразна е и посмртоносна.

Влијанието на овој нов сој во голема мера доведе до тоа националната здравствена служба да е под толкав притисок, кажа Џонсон.

Студиите веќе покажаа дека тој сој може полесно да се шири од другите верзии на вирусот.

Британскиот сој на вирусот и понатаму се шири по светот, и сега е регистриран во најмалку 60 земји и територии.

Британија воведе карантин по трет пат во обид да го сузбие третиот бран на заразата, кој му се препишува на овој прилично позаразен сој.

Почната е масовна кампања на вакцинација, и 5,4 милиони луѓе ја добиле првата доза од вакцината, од кои 400.000 се вакцинирани во последните 24 часа, што е рекорд.

Болниците, меѓутоа, и понатаму се под голем притисок. Поради тоа владата го повтори советот до Британците што е можно повеќе да останат дома.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе