Џонсон: Банди преку Ламанш пренесуваат мигранти во Велика Британија, опасно и криминално

Британски погранични агенти во понеделникот во Довер донеле нова група илегални мигранти што ги пронашле на гумен чамец на Ламанш, во последниот од серијата такви случаи што предизвикуваат тензии со Франција.

Искористувајќи ги топлото време и мирните услови на море, повеќе од 500 мигранти пристигнале од четвртокот во Англија, многумина во пренатрупани гумени чамци.

„Се случува сурови и криминални банди, кои ги ризикуваат животите на овие луѓе, да ги пренесат преку Ламанш... во потенцијално небезбедни чамци“, им рече на новинарите премиерот Борис Џонсон.

„Сакаме ова да го прекинеме, соработувајќи со Французите“, додаде тој.

Британскиот министер за внатрешни работи соопшти дека ќе врати што е можно повеќе мигранти во Франција. Министерот за имиграција Крис Филип оваа недела треба да се сретне со својот колега во Париз.

Франција истакнува дека веќе вложува зголемени напори и средства во борбата против нелегалната имиграција и дека многу чамци се пресретнати пред да го преминат каналот.

Стивен Хејл, директор на хуманитарната организација „Акција за бегалците“, рече дека оваа година околу 4.000 нелегални мигранти пристигнале во Велика Британија преку море, што е малку во споредба со глобалната бегалска криза.

„Ова е сериозно за луѓето за кои станува збор, но е скромно според меѓународните стандарди и Велика Британија сигурно може да се справи со тоа“, рече тој, споредувајќи ја ситуацијата со онаа во Либан, кој прими милион сириски бегалци.

Минатата година Франција прими 138.000 барања за азил, трипати повеќе од Велика Британија, која прими 44.200, според податоците на Евростат.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе