Џонсон: Авганистан не смее да стане место за обука на терористи

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика земјите од Западот да ја усогласат својата позиција за ситуацијата во Авганистан и дека не треба самоиницијативно да ја признаат талибанската власт во таа земја.

Фото: ЕПА

 „Јасно е дека наскоро ќе имаме нова власт во Кабул и важно е земјите од Западот да работат заедно и тие што ќе ја водат државата, талибанците или некој друг, да не го претворат Авганистан во место за обука на терористи“, изјави британскиот премиер.

Советот за безбедност на ОН ќе одржи итна седница за ситуацијата во Авганистан откако талибанците ја презедоа власта во земјата.

Портпаролот на талибанската политичка канцеларија Мохамад Наим во неделата за катарската телевизија Алџезира изјави дека војната во Авганистан е завршена, дека сакаат да имаат односи со меѓународната заедница и дека тоа сакаат да го постигнат преку дијалог. Наим додаде дека талибанците ги почитуваат правата на жените и малцинствата, како и слободата на изразување во рамките на шеријатскиот закон. Тој, исто така, рече дека се подготвени да разговараат за она што ја мачи меѓународната заедница и дека не сакаат да живеат во изолација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе