Откако Шпанија одобри екстрадиција во САД

Џон Мекафи, творецот на антивирусната програма, најден мртов во затвор (ВИДЕО)

Џон Мекафи, 75-годишниот творец на познатата антивирусна програма, најден е мртов во затвор во Барселона.

EPA-EFE

Шпанското министерство за правосудство објави во кратка изјава дека сè укажува на тоа дека станува збор за самоубиство. Неговиот адвокат кажа за Ројтерс дека најверојатно се обесил. Медицинскиот персонал се обидел да го реанимира, но безуспешно.

Веста за наоѓањето на телото стигна само неколку часа откако Шпанија одобри негова екстрадиција во САД, каде му се закануваа 30 години затвор за затајување данок. Уапсен беше минатата година во Шпанија и од тогаш беше во затворот во Барселона.

Мекафи беше уапсен ден откако американското јавно обвинителство објави дека е поднесено обвинување против него бидејќи не пријавил милиони долари приход од промоцијата на криптовалути, консултантски услуги, конференции и правата за снимање документарен филм за неговиот живот.

Според обвинението од јуни минатата година, Мекафи не плаќал данок меѓу 2014 и 2018 година, а приходите му биле исплаќани на банкарски сметки и во криптовалути на имиња на други лица за да избегне да плати данок. Истражителите, според медиумите, го поврзале Мекафи со десет случаи на избегнување на плаќање данок и исто толку случаи во кои на инвеститорите во криптовалути им ветувал профит, а се проценува дека така заработил 23 милиони долари.

Тајкунот криел имот, особено недвижнини, јахта и автомобил, кои ги купил на туѓи имиња. Американските власти преку Интерпол издале налог за апсење и побарале негова екстрадиција.

Џон Мекафи е роден во Британија кон средината на 40-тите, а за време на детството со родителите се преселил во Вирџинија. Татко му работел како сообраќаец и бил алкохоличар. Кога Мекафи имал 15 години, татко му се убил а тој почнал да пие и да се дрогира.

Во 60-тите почнал да работи во компанија која кодирала системи за провлекување картички. На таа работа ги научил основите на програмирањето, што му ја обезбедило следната работа во Мизури пасифик реилроуд, каде вовел распоред на возењето на возовите преку тогаш сосема новиот компјутерски систем на ИБМ.

Во 70-тите се преселил во Силициумската долина. Работел низа работи во разни технолошки компании, меѓу кои и Институтот за вселенски истражувања на НАСА. Дрога и алкохол и понатаму фредовно конзумирал.

Во 80-тите работел за Локид, а во тоа време компјутерите биле релативно нова појава. Првиот компјутерски вирус се појавил во 1986 година, а Мекафи некаде читал за тие програми кои се инфилтрираат во компјутерите и решил да основа своја фирма за да го возврати ударот.

Компанијата Мекафи асошиетс до крајот на 80-тите заработувала пет милиони долари годишно, а нејзините антивирусни платформи ги користеле некои од најголемите компании во светот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе