Џон Болтон: Трамп рече дека инвазијата на Венецуела би била „кул“

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Еј-би-си, чии делови се објавени во четвртокот, изјави дека неговиот поранешен шеф е непогоден за функцијата, откако се објавени делови од неговата книга во која Трамп е крајно негативно прикажан.

„Мислам дека не е соодветен за функцијата“, рече Болтон во интервјуто за Еј-би-си.

„Не верувам дека има способности за извршување на (претседателската) функција“, додаде тој.

Долгогодишниот „јастреб“ на надворешната политика, кој ја напушти Белата куќа во септември, во книгата го обвини Трамп дека од кинескиот претседател Си Џинпинг побарал помош за освојување на втор мандат.

Исто така, според Болтон, Трамп изразил подготвеност за прекин на истраги, како против услуга на диктатори, стои во објавените делови од книгата објавени во голем број весници во средата.

Наводите на Болтон се многу пошироки од обвиненијата поради кои против Трамп е покрената постапка за отповикување.

Републиканецот Трамп, кој на 3 ноември ќе се соочи со демократот Џо Бајден на претседателските избори, ги отфрли обвиненијата и го нарече Болтон „лажго“ и „будала“ и тврдеше дека е „некомпетентен“.

„Тој сè добро зборуваше за мене, во печатот, сè додека не го отпуштив. Незадоволна здодевна будала која само сакаше да води војна“, напиша Трамп на Твитер во четвртокот.

Американското Министерство за правда сака да го спречи објавувањето на книгата заради ризиците по националната безбедност, но издавачот Сајмон и Шустер го негира ваквото обвинување и вели дека илјадници примероци од книгата се веќе дистрибуирани.

Делови од книгата се објавени од Вол стрит џурнал, Вашингтон пост и Њујорк Тајмс.

Во своите мемоари, Болтон наведува дека Трамп во разговори со него покажал „фундаментално неприфатливо однесување кое ја нагризува самата легитимност на претседателството“.

„Навистина немаше никаков фундаментален принцип што можев да го распознаам, освен она што е добро за повторен избор на Доналд Трамп“, рече Болтон за Еј-би-си.

Трамп, наводно, му порачал на Си во јуни 2019 година дека може да продолжи со изградбата на логорите за Ујгурите и другите муслимански етнички групи, и покрај фактот дека администрацијата ги критикувала кинеските логори за „преобразба“ во Ксинџијанг.

Исто така, Болтон напиша дека Трамп рекол дека инвазија на Венецуела би била „кул“, иако владата соопштила дека се спротивставува на насилно соборување на социјалистичкиот венецуелски претседател Николас Мадуро.

За време на средбата во летото во 2019 година во Њу Џерси, Трамп даде една од најалармантните изјави за медиумите, пишува Болтон во книгата.

Тогаш тој, наводно, рекол дека новинарите треба да бидат затворени за да ги откријат своите извори и дека „тие треба да бидат погубени“.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе