Џо Бајден ја избра Камала Харис за потенцијален потпретседател

Кандидатот за претседател на САД на изборите во ноември Џо Бајден го соопшти името на својот партнер во трката. Демократскиот кандидат ја избра поранешната сенаторка од Калифорнија и бивша обвинителка Камала Харис, откако вети дека за улогата ќе избере жена што не е белкиња.

Бајден денеска ја соопшти својата одлука, со тоа што Харис и претходно се сметаше за главен кандидат за оваа функција, заедно со поранешната советничка за национална безбедност Сузан Рајс.

Претходно во својата кампања, Бајден вети дека како кандидат за функцијата ќе одбере жена што не е белкиња, како одговор на критиките од прогресивците фокусирани на неговиот сопствен статус на стар, бел маж.

Харис му беше противкандидат на Бајден на партиските предизбори, иако никогаш не стана доволно популарна за да му биде достоен ривал на поранешниот потпретседател, како што му беше сенаторот Берни Сандерс.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе