Пофалбите дојдоа откако Турција ја отстрани последната значајна пречка за пристапот на Шведска и Финска во НАТО.
„Сакам особено да ви се заблагодарам за она што го направивте, за договорот во врска со Финска и Шведска, но и за целата неверојатна работа што ја направивте во обидот да го извлечете житото од Украина“, му рекол Бајден на Ердоган за време на самитот на НАТО во Мадрид.
„Правите одлична работа“, додал Бајден обраќајќи му се на Ердоган.
Турција е во преговори со Русија, кои имаат цел да овозможат извоз на житарките од Украина.
„Големо задоволство ми е да се сретнам со вас по долго време“, му одговорил Ердоган на Бајден.
Британскиот премиер Борис Џонсон, исто така, го пофалил турскиот претседател за неговото „лидерство“ во однос на напорите за извоз на жито од Украина и одлуката за Финска и Шведска.
Џонсон му рекол на Ердоган дека влезот на Финска и Шведска во НАТО „ќе ја направи алијансата уште посилна додека гледаме кон претстојната опасна деценија“.