Џо Бајден гласаше на изборите (ВИДЕО)

Кандидатот за американски претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил денес гласаа во Делавер и им се придружија на милионите Американци кои ја искористија можноста за рано гласање, иако до изборниот ден останаа уште шест дена.

EPA-EFE

Досега таа можност ја искористиле 74 милиони Американци, а Бајден гласаше во зградата на државната канцеларија во својот роден град Вилмингтон во сојузната држава Делавер, каде одржа и говор. Се очекува во Делавер да однесе лесна победа.

Американскиот претседател Доналд Трамп гласаше уште во саботата во библиотека во близина на едно од неговите голф-игралишта на Флорида. Трамп пред една година го смени местото на живеење и постојаното пребивалиште го смени од Њујорк на Флорида.

Се смета дека Флорида е државата која Трамп мора да ја освои ако сака да добие втор мандат, но анкетите во моментов покажуваат негово мало заостанување зад демократскиот кандидат Бајден.

Бројот на луѓето кои гласале порано претставува 53 отсто од вкупниот број луѓе кои излегле да гласаат на изборите во 2016.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе