Поранешниот американски претседател

Џими Картер му порача на Трамп: Помалку Твитер, повеќе вистина (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на САД Џими Картер има два едноставни совети за актуелниот шеф на државата: тој на Доналд Трамп му порача да ја зборува вистината и помалку време да минува на социјалната мрежа Твитер.

Прашан од страна на Ем-ес-ен-би-си за неговиот став за сегашниот жител на Белата куќа на кој му се заканува постапка за отповикување за украинската афера, поранешниот американски претседател е многу критичен.

„Мислем дека не одговара на она што Американците го прашуваат“, кажа Картер, кој на 1 октомври наполни 95 години.

„Ако продолжи да не соработува и продолжи да спречува доказите да се изнесат пред Претставничкиот дом и Сенатот, неговиот став ќе стане, сам по себе, вториот аргумент кој може да се употреби против него“, смета Картер.

Кој совет би му го дал 39-от претседател на САД, кој земјата ја водеше од 1977 до 1981 година, на 45-от кој во моментов минува низ многу чувствителен период, беше прашањето за Картер.

„Мојот совет би бил да ја кажува вистината... и помалку да твита“, кажа тој.

Истрагата за можното отповикување е фокусирана на обвинувањата на „свиркачот“ дека Трамп ја злоупотребил американската воена помош за украинскиот претседател Володимир Зеленски да му вети дека ќе го истражи Џо Бајден, водечкиот кандидат за претседателска номинација на Демократската партија и неговиот син Хантер, кој бил член на управниот одбор на украинска енергетска компанија.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе