Во Сомалија

Има и жртви во нападот на џихадистите врз база на американските специјални сили (ВИДЕО)

Џихадистите нападнаа американска воена база во Сомалија, каде што се обучуваат американските командоси.

Според првичните извештаи, има жртви.

Локалното население вели дека слушнало силни експлозии и огнено оружје во аеродромската база во јужниот регион Ловер Шабел. Базата ја користи американската армија за полетување беспилотни летала со кои се напаѓаат цели на групата Ал Шабаб, како и за обука на командоси во Сомалија.

На една веб-страница на симпатизери на исламистичката терористичка група Ал Шабаб беше објавено дека напаѓачите прво употребиле автомобил-бомба за да ја пробијат капијата на американската база, а потоа внатре испратиле и борци.

Од друга страна, американски воени извори тврдат дека напаѓачите биле одбиени.

Во друг напад, италијанската агенција Анса објави дека италијански конвој бил нападнат во Сомалија, во главниот град Могадишу.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе