Џихадисти на ИСИС избегале од затвор по турското бомбардирање во Сирија

Петмина џихадисти на Исламска држава избегале од затвор во северна Сирија по турското бомбардирање, соопшти портпаролот на курдските Сириски демократски сили Марван Чамишло, а пренесува Индипендент.

Тој додаде дека затворениците избегале од затворот во градот Чамишли.

Истворемено, жени поврзани со ИСИС нападнале полицијаци со камења при немири во камп во регионот каде Турција ја спроведува воената офанзива.

Немирите почнале во делот на кампот за странци и се вклучувале сѐ повеќе луѓе, пред да дојде до инцидентот, соопшти портпаролот. Додаде дека жените физички ги нападнале безбедносните службеници во кампот и палеле шатори.

Во вторникот курдските власти предупредија дека заробениците од ИСИС би можеле да избегаат од затворот бидејќи курдските сили се соочени со турските напади, а бројот на чувари е намален.

Турските сили на третиот ден од воената офанзива навлегоа подлабоко во сириската територија и водат борби со Курдите.

Илјадници цивили бегаат пред новите насилства во Сирија, а најмалку девет цивили загинале во судирите во последните три дена.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе