Поранешен функционер на НАТО

Џејми Шеј: Заканата од Русија е голема, Путин има план за Балтикот

Џејми Шеј, бивш функционер на НАТО, во интервју за Скај њуз зборуваше за ситуацијата во Украина и плановите на Алијансата.

Фото: ЕПА

Шеј, кој беше портпарол на НАТО за време на бомбардирањето на тогашна СРЈ, го коментираше вчерашниот ракетен напад врз трговскиот центар во Кременчук.

Запрашан дали нападот е тероризам, тој рече дека на тоа треба да одговорат меѓународните адвокати, но „ова секако е тактика директно да се напаѓаат цивили. Тоа е тактика и да се тероризира цивилното население“.

„Мислам дека тоа е начинот на Путин да покаже дека ‘иако моравме да ги пренасочиме воените напори кон Донбас, бидејќи не бевме успешни во заземањето на Киев или Харков во раните фази на војната, ние сепак имаме намера да ја уништиме Украина. Дури и ако нашите војници не можат да стигнат до Киев, нашите проектили секако можат’“, рече Шеа.

Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин за „класична прикрадувачка агресија“, како пример наведувајќи ги неговите потези против Грузија во 2008 година и анексијата на Крим во 2014 година.

„Јасно знаеме дека Русија има планови за балтичките земји. Пред само неколку дена Путин се спореди себеси со Петар Велики, кој ја прошири Руската Империја“, додаде тој.

Што се однесува на споредбите со ситуацијата во 1930-тите, Шеј рече: „Какви и да се, хитлеровската аналогија на непредавање пред заканите, или смирувањата, или спремноста да се повлече линија во песокот, каде и да се огледуваат тие споредби, јас ќе им го оставам тоа на историчарите.“

„Но јасно е дека мора да признаеме дека постои голема руска закана за НАТО, што беше крајно малку веројатно пред 24 февруари. Сега веројатноста стана многу поголема. Не е неизбежна, но е поголема. Затоа, НАТО се помести од прилично минимално ниво на многу повисоко ниво на брза воена реакција“, заклучи тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе