Застреланиот Афроамериканец

Џејкоб Блејк се разбуди, го прашал татко си зошто полицијата толку пати го застрелала

Џејкоб Блејк седум пати бил застрелан во грб од полицајци кои се обиделе да го приведат во Висконсин. Откако дошол при свест во болницата, се свртел кон неговиот татко и заплакал, јавува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Неговиот татко претходно оваа недела објави дека неговиот син е парализиран од половината надолу.

„Тој ме праша: Зошто пукаа во мене толку пати?“, раскажа неговиот татко утрово за емисијата Нов ден на Си-ен-ен.

„Му реков: Сине, тие воопшто не требаше да пукаат во тебе“, рече тој.

Неговиот татко раскажа и дека најмногу е потресен од фактот дека неговиот син е врзан за креветот со лисици.

„Зошто го ставија тој ладен челик на глуждот на син ми? Тој не може да стане, не може ниту ако сака“, рече тој, зборувајќи за парализата.

Блејк има 29 години и е хоспитализиран во Вoватоса, а семејството рече дека е вознемирувачко кога го гледаат врзан за кревет.

Гувернерот на Висконсин изјави дека не може да замисли зошто Блејк е врзан за креветот.

„Не разбирам зошто тоа e потребно. Се надевам дека ќе најдеме начин да му помогнеме додека закрепне“, рече Тони Еверс.

Семејниот адвокат Бенјамин Крaмп изјави дека нема објаснување и дека постапките на полицијата го следат примерот со прекумерна употреба на сила.

„На мојот син не му се овозможени човековите права“, рече неговиот татко Џејкоб Блејк Сениор.

Младиот Афроамериканец Џејкоб Блејк, тешко ранет во акција на полицијата која уште еднаш очигледно претерала со употреба на сила поттикнувајќи антирасистички протести во САД и бојкот на кошаркарите на НБА, имал нож во својот автомобил, соопштија властите на Висконсин во средата.

Во изјавата на Министерството за правда на државата во северниот дел на САД се наведува дека полицијата пристигнала на местото на настанот во Кеноша по телефонски повик од жена која рекла дека кај неа има „пријател кој не би требало да биде таму“.

Кога отишле на местото на настанот, се додава во соопштението на полицијата, полицајците „неуспешно се обиделе да го уапсат“ Блејк со електрошокер.

29-годишниот татко ги предупредил дека „има нож кај себе“, велат локалните власти.

Инспекторите пронашле нож на подот на автомобилот каде немало друго оружје, додале властите, откривајќи го името на полицискиот службеник, кој испукал седум истрели во грбот на младиот човек: Рустен Шески. Тој во моментов е привремено отстранет од должност заедно со друг колега.

Три месеци по смртта на Џорџ Флојд, кој беше задушен од полицаец белец во Минеаполис, во САД повторно се појавува бес поради расизмот и полициското насилство.

Неколку кошаркари, почнувајќи од играчи од соседниот Милвоки, одлучиле да ги бојкотираат натпреварите во знак на солидарност, принудувајќи ја НБА да одложи три натпревари во плејофот закажани за в среда. „БАРАМЕ ПРОМЕНИ. ДОСТА НИ Е“, објави на твитер најдобриот играч на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.

Протесите секоја вечер прераснуваат во насилство во Кеноша каде се судрија демонстрантите и полицијата.

За време на екстремна напнатост, две лица се застрелани, а трет е ранет малку пред полноќ во нејасни околности.

Седумнаесетгодишниот Кајл Ритенхаус, кој живее во соседен Антиок, Илиноис, на околу 30 километри од Кеноша, е осомничен за двете убиства и се наоѓа во притвор каде чека обвинение, кратко соопшти локалната полиција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе