Џеф Безос утре оди во вселената, придружуван од 82-годишна жена и тинејџер

Џеф Безос, најбогатата личност на светот, ќе се приклучи на клубот астронаути во вторник на првото лансирање во вселената на неговата компанија Блу ориџин, уште еден клучен момент во големиот месец за новата индустрија за вселенски туризам.

Фото: ЕПА

Неколку дена порано, основачот на Вирџин Галактика, Ричард Бренсон одлета во вселената, со што го претрка основачот на Амазон, Безос во вселенската трка на милијардерите.

Сепак, целите на Блу ориџин се многу поамбициозни - во смисла на висината до која ќе се искачи леталото Њу шепард на Безос, но и во однос на иднината.

Безос го основа Блу ориџин во 2000 година, со цел еден ден да се изградат лебдечки вселенски колонии со вештачка гравитација во кои ќе работат и живеат милиони луѓе.

Денес, компанијата развива орбитална ракета Њу глен и летало за слетување на Месечината Мун. Тој се надева дека последново ќе го развива во соработка со НАСА во рамки на програмата Артемис.

„Имаа 15 успешни летала без екипаж на Њу шепард и со години чекавме да видиме кога ќе почнат да летаат луѓе“, изјави за АФП Лора Форчик, основач на вселенската консултантска компанија Астралитикал, додавајќи дека ова се „возбудливи времиња“ за ентузијасти.

Њу шепард ќе биде лансиран во 8 часот по локално време (15 часот по средноевропско време) на 20 јули од фабриката Лонч сајт уан, во пустина на запад во Тексас.

Местото на лансирање е оддалечно на околу 40 километри од најблискиот град, Ван Хорн.

Настанот ќе се пренесува во живо на BlueOrigin.com.

На Безос на патувањето ќе му се придружи астронаутката Воли Фанк, која со 82 години ќе стане најстарата личност што се издигнала во вселената.

Тие се придружувани од холандскиот тинејџер Оливер Даемен, кој ќе стане најмладиот астронаут, а воедно и првиот патник кој платил за патување на компанијата Блу ориџин.

Четвртиот член на екипажот е Марк, брат на Џеф Безос, финансиер кој управува со фондацијата Безос фемили и волонтира како пожарникар.

На патувањето го нема мистериозниот победник на аукцијата од 28 милиони долари, кој си го обезбеди своето место на летот, но се откажа поради „судир во распоредот“.

Тој ќе учествува на следното патување, и побара да остане анонимен, објави Блу ориџин.

Екипажот на Њу шепард ќе помине неколку минути надвор од Кармановата линија - меѓународно призната граница помеѓу атмосферата на Земјата и вселената, на 100 километри надморска височина, додека леталото достигнува врв на 106 километри.

Тие ќе можат да се восхитуваат на закривеноста на планетата - и црнилото на остатокот од универзумот - од големите прозорци што сочинуваат третина од површината на кабината.

Капсулата се враќа на Земјата со поставување три џиновски падобрани, за нежно да слета во пустината во западен Тексас.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе