Џамијата Ал Акса отворена по 70 дена карантин, илјадници верници поитаа во неа (ФОТО)

Светото ерусалимско место на кое се наоѓа џамијата Ал Акса беше отворено денес по 70-дневна изолација наметната поради пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

Илјадници муслимански верници поитаа во џамијата откако беше отворена во 3:30 часот наутро, објави палестинската новинска агенција Вафа.

Управата на Ал Акса, третото свето место на исламот, ги повика верници да ја политуваат физичката дистанца од два метри.

EPA-EFE

Џамијата како и целиот околен простор се целосно исчистени и дезинфицирани, објави агенцијата.

EPA-EFE

Израелската полиција е на високо ниво на готовност во историскиот центар на Ерусалим во страв од немири кои би можеле да избијат по вчерашното убиство на аутистичниот Палестинец во кој пукале двајца израелски гранични полицајци бидејќи не сопрел на нивните предупредувања.

EPA-EFE

Ал Акса беше затворена од 15 март во рамки на мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Ерусалим е свето место и на јудаизмот и на христијанството.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе