Амурскиот односно сибирскиот тигар сè уште е загрозен во многу земји, но неговата популација во последните години се зголемила за 40 отсто. Ловокрадците сè уште се сметаат за најголема закана за тигрите, порачаа експертите на форумот во Владивосток.
Меѓутоа, бројот на големите мачки кои ловокрадците ги убиле во Русија бележи огромен пад во последните 10 години, со околу 50 до 70 секоја година на околу 15 до 20 сега, соопшти Центарот за амурски тигри.
Покрај тоа се проширени и живеалиштата на тигрите. Другите земји учат од успехот на Русија, па Казахстан планира да ги врати амурските тигри во дивината од 2025 година.
Форумот беше отворен со видео порака од рускиот претседател Владимир Путин, кој изрази гордост поради сè поголемиот број тигри. „Драго ми е за успехот на нашите колеги во Индија, Непал, Бутан и Кина, каде популациите на големите мачки се очигледно во подем“, кажа Путин.