вторник, 16 април 2024
Се посрамоти за сите пари

Будимир го изведе најлошиот пенал кој сте го виделе (ВИДЕО)

Еден од најлошите пенали на сите времиња е во изведба на Анте Будимир, Хрватот синоќа проба со „паненка“ да се прослави во 97. минута, но успеа само да се посрамоти за сите пари.

Објавено на

часот

Сподели

Валенсија синоќа си замина со три бода од гостувањето кај Осасуна, а главен виновник за ова е Анте Будимир.

Домаќините добија пенал во последните мигови од мечот, Хрватот ја превзеде одговорноста и сакаше да се прослави со „паненка“.

Но напаѓачот само се посрамоти за сите пари, имаше момент на колебање, блокада и преслабо ја шутна топката. Наместо да донесе 1-1 и радост за навивачите, го изведе еден од најлошите пенали на сите времиња и стана мета за потсмев и мајтап на социјалните мрежи.

❌ Emoción hasta el último minuto#OsasunaValencia 🔴🦇#LaLigaHighlights pic.twitter.com/Zynt4feJNZ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ