Двете Кореи отворија заедничка канцеларија за врски покрај границата

Северна и Јужна Кореја отворија канцеларија за врски покрај нивните граници, објавија локалните медиуми, чекор за кој Сеул се надева дека ќе придонесе кон постојана комуникација меѓу ривалските земји.

Канцеларијата е отворена во севернокорејскиот пограничен град Каесонг, а на отворањето присуствуваа околу педесетина луѓе од секоја земја, пренесе јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

„Денес е отворено ново поглавје во историјата“, рече министерот за обединување на Јужна Кореја Чо Мјонг Гион на церемонијата, нарекувајќи ја канцеларијата „уште еден симбол на мирот заеднички создаден од Југот и Северот“, пренесе АФП.

До дваесет претставници од двете страни ќе работат во канцеларијата, чија цел е и да ги поттикнува цивилните контакти.

Отворањето на канцеларијата се одржува неколку дена воочи третиот состанок годинава помеѓу претседателот на Јужна Кореја Мун Jae Ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој треба да започне во вторник.

Канцеларијата е дел од договорот постигнат помеѓу двајцата лидери на состанокот во април.

Првично се очекуваше канцеларијата за врски да се отвори минатиот месец, но според извештаите на јужнокорејските медиуми, денот на отворањето е поместен поради загриженоста на Вашингтон дека воспоставувањето врска меѓу Пјонгјанг и Сеул се одвива побрзо од преговорите за денуклеаризација.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе