Две земји го кочат укинувањето на визите за граѓаните на Косово

Конечната одлука за безвизниот режим за Косово и понатаму е во рацете на Советот на Европската Унија, каде што за тоа не се разговарало од 2018 година.

Претходно беше објавено дека Одборот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент (ЛИБЕ) на состанок во Брисел повторно ја поддржал визната либерализација за граѓаните со пасоши на Косово.

Повторното гласање во ЛИБЕ, врз основа на извештајот на известувачката за визна либерализација Тања Фајон, е само потврда на веќе постојната поддршка која Европскиот парламент во повеќе наврати, во текот на 2018 и 2019 година, ја даде во препораката на Европската комисија за укинување на визите за жителите на Косово.

Европската комисија во јули 2018 објави дека Косово ги исполнило сите услови и ѝ предложи на Европската Унија да го либерализира визниот режим за граѓаните на Косово. И покрај препораката на Европската комисија и поддршката од Европскиот парламент, земјите членки на ЕУ сѐ уште немаат постигнато договор околу ова прашање.

Од Европската комисија велат дека „нема новости кога е безвизниот режим за Косово во прашање“ и потсетуваат дека конечната одлука за тоа е на земјите членки на ЕУ.

За Косово да добие безвизен режим за Шенген зоната, треба да добие поддршка од квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ (повеќе од 55 отсто членки со најмалку 65 отсто од населението).

Покрај земјите кои не ја признаваат независноста на Косово, на визната либерализација за косовските граѓани најжестоко се противат Франција и Холандија.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе