Сирени се огласија во Тел Авив и околните места

Две ракети се испалени од појасот Газа на Тел Авив (ВИДЕО)

Две ракети се лансирани од појасот Газа во областа на Тел Авив, соопшти израелската војска, но нема жртви ниту штета.

Неколку моменти пред објавувањето на военото соопштение на Твитер, во текот на вечерта се огласиле сирените во Тел Авив и околните места.

Министерството за надворешни работи објави видео снимка на која се гледа како израелскиот противракетен систем „Железна купола“ ја уништува ракетата „над територијата на Тел Авив“. На снимката се гледаат и две ракети кои се издигаат на небото над облакодерите, а во позадина се слуша сирена. Немаше жртви ни штета, додаде војската.

ИДФ потврди дека 2 ракети се испалени од Газа на Израел и дека противракетниот систем успешно пресретнал една од ракетите.

За првпат во градот се огласуваат сирените од војната во Газа во 2014 година меѓу исламистите на Хамас и Израел.

„Ова во основа беше изненадување“, изјави портпаролот на војската, бригадниот генерал Ронен Манелис за Израелското радио. Тој рече дека Израел немал претходни разузнавачки предупредувања за испалувањето на ракетите, за кои одговорност не презема ниту една палестинска група, објави Ројтерс.

„Не знаеме кој го изведе“, рече Манелис, додавајќи: „Организацијата Хамас е главна организација во Газа. Таа е одговорна за она што се случува во рамки на Газа и што произлегува од таму“.

Хамас негираше вмешаност во испалувањето на ракетите, за кои се вели дека се испалени за време на состанокот на нивните водачи со египетски делегати во врска со напорите да се обезбеди долгорочен прекин на огнот со Израел.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе