„Вратете се во вашата земја“

Две муслиманки повредени во расно мотивиран напад со нож во близина на Ајфеловата кула во Париз (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Две муслиманки биле избодени во близина на Ајфеловата кула во Париз, а полицијата уапсила две осомничени напаѓачки и нападот го води како расно мотивиран бидејќи наводно викале „Валкани Арапи!“.

EPA-EFE

Париското обвинителство ги опиша двете осомничени, кои се во притвор поради обид за убиство, како „белкињи со европски изглед“.

Нападот се случува во време на високи тензии во Франција поради бруталното убиство на наставникот Самуел Пати, на кој 18-годишен исламист му ја отсече главата поради тоа што Пати на учениците во рамки на предавања за слободата на говорот им покажал карикатури на Мухамед, кого муслиманите го сметаат за пророк.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се слуша како девојка вреска по нападот во близина на Ајфеловата кула.

ПРЕДУПРЕДУВАМЕ ДЕКА ВИДЕОТО Е ВОНЕМИРУВАЧКО:

Жртвите на нападот се идентификувани како Французинки со алжирско потелко, 49-годишната Кенза и две години помладата Амел.

Кенза била избодена шест пати и завршила во болница со пробиено белодробно крило, а Амел завршила на операција поради повреди на рацете, потврди извор близок на истрагата за Франс прес.

Нападот се случил во неделата вечерта, два дена по бруталната егзекуција на професорот Пати, но властите првично не ги објавиле информациите за нападот.

Една од нападнатите жени била со покриено лице, иако сѐ уште не е јасно дали од верски причини или поради пандемијата на ковид-19.

Кенза дала изјава за францускиот весник Либерасион: „Бевме во семејна прошетка, пет возрасни и четири деца. Под Ајфеловата кула има парк кој е прилично мрачен, и во кој видовме две кучиња. Децата се уплашија. Мојата роднина, која беше покриена, ги праша двете жени дали може да ги приберат кучињата бидејќи децата ни се исплашени“.

Сопственичките на кучињата, според неа, одбиле да ги врзат кучињата со поводници и набрзо следела жестока кавга, во која биле користени расистички навреди.

Една од сопственичките на кучињата, според Кенза, потоа извлекла нож и ги нападнала.

„Ме исече по главата, ребрата и по раката, а потоа ја нападна мојата роднина“, раскажала Кенза. Сведоци кажале дека слушнале извици „Валкани Арапи!“ и „Вратете се во својата земја!“.

Кога виделе што се случува, на нападнатите муслиманки на помош им дошле двајца работници на локални продавници, кои задржале една од напаѓачките до пристигнувањето на полицијата. Другата напаѓачка била уапсена накнадно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе