Две милијарди луѓе и понатаму немаат безбедна вода за пиење

Повеќе од 2 милијарди луѓе низ светот сѐ уште немаат пристап до безбедна вода за пиење, се истакнува во новиот извештај на Обединетите нации.

Значаен напредок е постигнат од крајот на минатиот век бидејќи од 2000 година 1,8 милијарди луѓе добиле можност во радиус од 30 минутно пешачење да дојдат до достапна вода за пиење, се наведува во извештајот на УНИЦЕФ и Светската здравствена организација.

Меѓутоа, околу 2,2 милијарди луѓе сѐ уште немаат пристап до вода за пиење, што вклучува и 785 милиони луѓе кои немаат заштитен извор на вода на оддалеченост од половина час, се наведува во извештајот.

Непрочистена површинска вода пијат 144 милиони луѓе.

Голем број болести, како дијареа, колера, тифус, хепатитис А, би можеле да бидат елиминирани кога низ светот би биле достапни вода за пиење и тоалети споени во контролиран канализациски систем.

Ширењето на цревните паразити и очните бактериски инфекции исто така би било намалено.

Во извештајот се наведува и дека 4,2 милијарди луѓе немаат пристап до тоалети со сигурен одвод, а 683 милиони луѓе и понатаму вршат нужда на отворено.

Во споредба со 2000, кога нужда на отворено вршеле 21 отсто од популацијата, сега тоа го прават 9 отсто.

Меѓутоа, во 39 земји бројот на луѓе без тоалети всушност пораснал, пред сѐ во супсахарска Африка, каде има значителен пораст на населението.

Три милијарди луѓе и понатаму се без основните хигиенски услови, кои се дефинираат како поседување тоалет кој не го употребуваат повеќе домаќинства и поседување мијалник со сапун и вода во домот.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе