Забавува ширењето на заразата

Две илјади нови случаи на зараза за 24 часа, Кина го смирува гневот на јавноста со сменувања

Неколку функционери во Хубеи, кинеската провинција во која изби заразата со коронавирусот, се сменети поради лошото справување со кризата, која ја предизвика епидемијата во која се заразени 68,5 илјади луѓе.

Во последните 24 часа вкупно се потврдени две илјади нови случаи на зараза, соопшти кинеската национална здравствена комисија. Бројот на мртвите од вирусот Ковид-19 сега изнесува 1.665, откако се евидентирани уште 145 смртни случаи од саботата.

Од нив 139 починаа во Хубеи, епицентарот на епидемијата.

Во последните 24 часа во таа провинција се евидентирани 1.843 нови случаи на зараза, објавија тамошните здравствени власти, што е пад од 2.420 од ден претходно и трет последователен ден во кој се бележи сѐ помал број заразени.

Повеќето нови случаи на зараза и смрт се евидентирани во Вухан, градот во кој вирусот првпат беше забележан во декември.

Десетина политички функционери во Хубеи се сменети поради неуспешното зауздување на епидемијата, соопшти денес дисциплинската комисија на Комунистичката партија во таа провинција.

Иако пониско рангирани, нивното сменување покажува дека кинеското раководство се обидува да го смири гневот на јавноста поради лошото справување со кризата и со тоа да се дистанцира од неуспехот на локалните бирократи.

Надвор од Кина досега починаа четири лица, а заразени се околу 500 во речиси 30 држави. Франција вчера извести за првиот смртен случај во Европа, кинеска туристка од Хубеи.

Според моментално достапните податоци, смртноста меѓу заболените е 2 отсто.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе