Дојче банк АГ и Сигначр банк

Две големи банки го откачуваат презадолжениот Трамп

Дојче банк АГ и Сигначр банк ги раскинуваат врските со презадолжениот претседател по насилството во американски Капитол минатата недела.

Фото: ЕПА

Дојче банк АГ и Сигначр банк, две долгогодишни и омилени банки на Доналд Трамп, ги раскинуваат врските со презадолжениот претседател по насилството во американски Капитол од страна на неговите приврзаници минатата недела.

Најголемиот доверител на Трамп, Дојче банк, одлучил да ги прекине деловните активности со претседателот и со неговите компании, објави Њујорк тајмс цитирајќи извор близок до банката.

Со седиште во Њујорк, Сигначр банк, која долго време им даваше услуги на семејството и соработниците на Трамп, рече дека затворила две сметки на Доналд Трамп со 5,3 милиони долари и ги поддржала повиците за негова оставка.

„Веруваме дека соодветната акција би била оставка на претседателот на Соединетите Држави, што е во најдобар интерес на нашата нација и американскиот народ“, се вели во соопштението на банката во понеделникот.

Дојче банк е најважниот заемодавец на Трамп, уште од 1990-тите, и му има позајмено над 2 милијарди долари низ годините. Според Ројтерс, Дојче банк меѓу 2023 и 2024 година ѝ има дадено околу 340 милиони долари заеми на Организацијата Трамп, чадор-корпорација што управува со огромните меѓународни деловни инвестиции на претседателот.

Портпаролот на Дојче банк денеска одбил да даде коментар. Организацијата Трамп не одговорила веднаш на мејлот со кој бил побаран коментар надвор од вообичаеното работно време, а прес-службата на Белата куќа не одговарала на телефон.

Кристијана Рајли, шефицата на американските активности на банката, минатата недела во објава на Линкдин го осуди насилството.

„Горди сме со нашиот устав и стоиме покрај оние што сакаат да го поддржат за да се обезбеди волјата на народот и да се случи мирен премин на власта“, напиша таа.

Остриот став на конгломератите против Трамп доаѓа дури и додека Организацијата Трамп се бори со финансиски предизвици. Интернет-продавницата на семејниот бизнис на Трамп е укината по минатонеделните немири во Капитол. И голф-терените и одморалиштата на Организацијата Трамп исто така губат пари, вели британски Индипендент.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе