Како што објавија од Канцеларијата за јавно здравје на округот Оринџ во Флорида, две жени на возраст од 44 и 34 години пристигнале на местото на вакцинација облечени во капи, ракавици и очила за да си ја скријат возраста.
На снимката се гледа како полицаец им држи лекција на жените за неморалното однесување.
Директорот на Канцеларијата, д-р Раул Пино, на прес-конференција рече дека двете жени имаат потврда дека ја примиле првата доза на вакцината. Но не успеале да добијат втора доза бидејќи здравствените работници на самото место се посомневале во исправноста на нивните лични документи.
Здравствените власти не знаат како успеале да ја земат првата доза на вакцината и дали и тогаш се маскирале.
Полицијата во округот Оринџ потврди за Си-ен-ен дека здравствените власти ги повикале да издадат предупредување за жени чии датуми на раѓање во личните документи не се совпаѓале со оние што ги употребиле за да се регистрираат за вакцинацијата. Сепак, имињата биле исти.