Двајца тинејџери уапсени поради убиството на новинарката во Северна Ирска (ВИДЕО)

Двајца тинејџери се уапсени поради поврзаност со убиството на новинарката Лајра Меки.

Уапсените момчиња се на возраст од 18 и 19 години, јави Би-би-си.

29-годишната новинарка е погодена со куршум на протестите во Лондондери во Северна Ирска во четвртокот вечер.

Меки стоела покрај полициското возило заедно со другите новинари, кога била застрелана.

Надзорната камера ги фати нејзините последени моменти во толпата, а на мобилниот телефон има снимка од осомничениот напаѓач.

Полицијата од Лондондери, во петокот наутро соопшти дека се сомнева дека за нападот е одговорна Нова ИРА (Ирската републиканска армија). Помошник началникот на полицијата Марк Хамилтон изјави дека полицијата го „третира пукањето како терористички инцидент“ и дека е започната истрага за убиство.

„Веруваме дека се работи за терористички чин, веруваме дека го извршија насилни републикански дисиденти. Нашата проценка во овој момент е дека зад ова најверојатно стои Новата Ирска републиканска армија (ИРА) и во таа насока ќе се движи нашата истрага“, додаде тој.

Напаѓачите фрлаа молотови коктели врз полицијата, и во еден момент некој запука од огнено оружје. Од овие истрели загина 29-годишната новинарка Лајра Меки, која стоеше во близина на полицијата.

„ Лајра Меки стоеше во близина на полицијата, кога во 23 часот во предградието Креган на нив почна да пука вооружен маж“, рече во петокот наутро помошник началникот на полицијата Марк Хамилтон.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе